Во петок САД ќе одлучат за казната за Иран

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп во петок ќе одлучи дали ќе ги укине казните за Иран, потпишани во Нуклеарниот договор со земјата од 2015 година.

Трамп би требало да се сретне со државниот секретар Рекс Тилерсон и министерот за одбрана Џејмс Матис пред петок, соопштил портпаролот на Стејт Департментот Стив Голдстин, пренесува Ројтерс.

– Очекуваме одлука до петок. Веќе разговараме за тоа, рекол Голдстин.