Во општина Куманово нема место за ниту еден од 13 дипломирани Роми

Сподели со своите пријатели

Иако во Куманово има 13 дипломирани лица од ромска националност и над 500 Роми со завршено средно образование, никој се уште не е вработен во административната зграда на Општина Куманово, истакнаа организаторите на денешната трибина ”Роми – борете се за вашите права”, одржана по повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите во светот.

Loading...

Меѓународниот ден на Ромите, кој традиционално се одбележува почнувајќи од 8 април 1971 година, кога е одржан и првиот конгрес на ООН посветен на правата на Ромите во светот, од НВО ”Англунипе”, денес повторно се потенцираше проблемот што и во 21 век, се уште се зборува за дискриминирачкиот однос кон Ромите, како во светот, така и во Македонија.

DSC_0023

 

Ромите не се процентуално застапени во државните и локални институции, истакна на денешната трибина претседателот Мерџан Демирали. По тој повод, на денешната трибина се поканети и претставници од општина Куманово како и останати релевантни фактори за да се предочи овој горлив проблем на ромското малцинство во Куманово.

– Еден од големите проблеми е што во општината се уште нема вработени Роми и затоа се чувствуваме дискриминирани. Во административната зграда има вработени од сите етнички заедници, но нема ниту еден Ром. Вработеноста е на многу ниско ниво, многу мала бројка и се надевам дека ќе проработи свеста, вели Демирали.

Жално е што само еден ден во годината се говори за Ромите. Ова малцинство се соочува со големи егзистенцијални проблеми, вели Дилбера Камберовска, претседател на НВО “”Даја”.

DSC_00152-1024x683

Ги потсетуваме сите наши институции дека Ромите се nаоѓаат на многу ниско општествени ниво. Би сакала секој ден да се зборува за Ромите, но не само да се зборува, туку и да се направи нешто на дело, вели Камберовска.

На денешната трибина, членовите на разни ромски невладини организации уште еднаш го потенцираа проблемот на дискриминацијата на Ромите на граничните премини, третманот што тие го добиваат во институциите, високиот степен на сиромашитија и ниското ниво на образование.

Loading...

Leave a Reply