Во општина Дебар ќе гласаат 61 болно и изнемоштено лице

Сподели со своите пријатели

Во општина Дебар, денеска, ден пред вториот круг од локалните избори, ќе гласаат 61 болно и изнемоштено лица.

Од Општинската изборна комисија потврдија дека денеска во 10 часот ќе почнат со распределба на избирачкиот материјал.

Во оваа општина утре ќе се гласа на 27 избирачки места, а во Единствениот избирачки список запишани се 18.406 лица со право на глас.

Граѓаните на оваа оштина, утре избираат градоначалник, меѓу двајцата кандидати, кои во првиот круг добија најголем број гласови.

Во првиот круг правото на глас го искористија 8.563 лица или 46,47 отсто од гласачите.

Извор: МИА

Loading...