Во Њујорк оторена прва легална продавница за рекреативна марихуана

Сподели со своите пријатели

Првата легална продавница за рекреативна марихуана во Њујорк беше отворена во четвртокот во срцето на Менхетен, во Ист Вилиџ.

Loading...

Повеќе од 100 луѓе се натрупаа во продавницата, која ја води непрофитното здружение Housing Works посветено на борбата против бездомниците и СИДА-та.

„Првата легална продажба на канабис на возрасни е историски момент за индустријата за канабис во Њујорк“, рече Кети Хочул, гувернер на четвртата најнаселена американска држава.

Таа рече дека очекува Њујорк да послужи како национален модел за безбедна и инклузивна индустрија за канабис.

Housing Works беше една од 36-те организации или поединци кои добија дозвола за продажба на рекреативна марихуана во ноември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Целта е да се издаваат дозволи за тргување на 150 лица кои се осудени за поседување или продавање канабис.

Приходите од данокот од продажба на марихуана ќе се инвестираат во државни училишта и установи за ментално здравје и борба против зависноста и за станбени проекти.

Хочул во соопштението за печатот изјави дека забраната на марихуаната имала особено негативен и непропорционален ефект врз Афроамериканците и латино заедницата.

Loading...

Градот очекува продажбата на канабис да достигне 1,3 милијарди долари во 2023 година и да создаде меѓу 19.000 и 24.000 нови работни места во следните три години.

Њујорк ја легализираше марихуаната во март 2021 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија