Во никогаш попразно Пелинце одбележан „Илинден“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Пелинце и годинава беше одбележан празникот „Илинден“, но за разлика од минатите години, сега скоро и да немаше граѓани. Пелинце остана празно, освен функционерите кои под највисоко полициско обезбедување положија цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ.

Loading...

На прославата присуствуваа претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, претставници од кабинетот на Претседателот, Владата, општините Куманово и Старо Нагоричане, политички партии, дипломатски кор и невладиниот сектор.

„Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија.Тоа е наш долг кон сите оние кои се бореа за таква граѓанска држава, општество на сите граѓани,  рече Џафери во своето обраќање.

Тој исто така наведе  дека минативе две и пол години се можеби најжешките години во историјата на земјава, во однос на временските прилики.

– Ова беше период на донесување на тешки меѓутоа државнички одлуки кои го деблокираа нашиот пат кон Евроатланската интеграција и во кој политички созреваа и граѓаните и државата. Се вративме на брзата пруга за евроатланска интеграција и се посветивме на воспоставувањето и градењето на добрососедските односи. Имавме интензивна дипломатија и активна партиципација на институциите на државата на регионалните и светските меѓународни настани, активно учествувавме и продолжуваме да учествуваме во мировните мисии на НАТО сојузот при што нашите претставници се рамо до рамо со претставниците на полноправните земји – членки и меѓу другото придонесуваме и во рушењето на предрасудите и стереотипите од типот Балканот е „буре барут“, рече Џафери.

Loading...

Овогодинешниот празник се одбележува под мотот „Сите сме деца на Илинден“.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *