Во Непал регистриран првиот истополов брак

Сподели со своите пријатели

Властите во непалската западна област Лумјунг во средата официјално го регистрираа бракот на Маја Гурунг (35) и Сурендра Пандеј (27).

Loading...

Регистрацијата на првиот таков брак се случи пет месеци откако Врховниот суд издаде привремена наредба со која им се дозволува на истополовите парови да ги регистрираат своите бракови.

Тајван е единственото друго место во Азија што ги легализираше истополовите бракови.

Г-ѓа Гурунг изјави за Би-Би-Си дека регистрацијата на нивниот брак е „голем ден не само за нив како двојка, туку и за сите сексуални малцинства во Непал“.

„Борбата за права не е лесна. Ние го направивме тоа. И на идните генерации ќе им биде полесно“, рече таа. „Регистрацијата ни ја отвори вратата за многу работи.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ерупција на вулкан, евакуирани повеќе од 12.000 луѓе

Двојката рече дека сака да отвори заедничка банкарска сметка и да ја дели сопственоста на земјиштето што го купиле.

Но, нивниот најголем сон е да посвојат дете кога нивните финансии ќе бодат постабилни.

Тие се заедно речиси една деценија.

Loading...

Двојката се венчаше на церемонија во храмот во 2017 година и побараа правно признавање на нивната заедница оваа година.

Водечкиот активист за правата на ЛГБТ во Непал, Сунил Бабу Пант, го нарече „историски момент“ и победа на сексуалните и родовите малцинства.

„Сега можеме да регистрираме брак како обични парови. Но, треба да направиме уште многу за да добиеме други права“, изјави тој за Би-Би-Си.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН подготвуваат глобален договор за употреба на пластика