Во недела започнува 16-от фудбалски турнир „Видовдан“

Сподели со своите пријатели

Во недела, 19ти јуни со почеток во 18 часот ќе започне 16-то издание на фудбалскиот турнир „Видовден“ по повод истоимениот празник, а во организација на Српската заедница во Македонија.

бфд1бфд

Loading...

Турнирот ќе трае десет дена, поточно до 29 јуни кога ќе се одиграат натпреварите за трето место, како и финалниот натпревар, а учество на манифестацијата ќе земат вкупно 16 екипи распоредени во четири групи.

Предвидени се награди, пехари и медали за најдобрите три екипи, како и награди за најдобар голман, најдобар стрелец и најкорисен играч. Пред финалето на 29 Јуни предвидено е да се одигра еден ревијален натпревар, како и настап на Културно уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово – вели Далибор Китановиќ од Српската заедница во Македонија.

Наградата за најдобрата екипа предвидено е да ја додели големата фудбалска легенда Господинот Драган Мутибариќ.

Сите натпревари ќе се одиграт на теренот кај Соколана, а термините се во 18, 19, 20 и 21 час.