Во наредните денови постепен пораст на дневната температура

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Во раните утрински часови сеуште ќе има слаб локален дожд. Преку денот облачноста ќе се намалува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 28 до 33 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со покачување на дневната температура. Ќе дува слаб ветер од североисточен рпавец. Максималнта дневна температура ќе изнесува 28 степени целзииусови.

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и со постепен пораст на дневната температура.