Во нападите во среда загинаа 99 лица во Појасот Газа, од кои 77 загинаа во северниот дел на енклавата, изјавија денес локалните медицински претставници за палестинската агенција WAFA.
Агенцијата наведува дека од почетокот на конфликтот на Израел со палестинската милитантна група Хамас, кој започна по нападот на Хамас врз југот на Израел во октомври 2023 година, во конфликтот во Појасот Газа загинаа 65.062 лица, пренесува Танјуг.
Во судирите, 165.697 лица се ранети, претежно деца и жени, додека 432 лица, меѓу кои 146 деца, починале од глад, според палестинските здравствени претставници.