Во Кувајт и Ирак сабота бил најтоплиот ден во човештвото

Сподели со своите пријатели

Викендов, поточно во сабота во Кувајт биле регистрирани рекордни 54 степени, додека во Ирак 53,9 степени целзиусови, пренесуваат светските медиуми.

Се предвидува дека и денес температурите ќе преминат 45 степени во Басра и Багдад.

Пред деведесет години на 13 септември 2013 година, Светската метеоролошка организација го дисквалификувала светскиот рекорд кој го држала Либија со 58 степени целзиусови.

Тогаш било прогласено дека највисоката температура во историјата на мерењата, т.е. во историјата на човештвото е забележана на местото Гринленд Ранч во Долината на смртта во Калифорнија на 10 јули 1913 година и тоа 56,7 степени целзиусови, стои во Гинисовата книга на рекорди.

Најбрзиот температурен раст е измерен во период од 22 јануари 1942 година во местото Спирфиш во Јужна Дакота во САД, кога од 20 степени под нулата, температурата скокнала на 27 степени во позитива.

Годинава во Македонија за најтопол ден засега е прогласен вчерашниот ден, односно 24 јули.

max_temp_24_12-2016

Loading...

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.