Во кумановскиот театар премиерно прикажана претставата „Аудиенција“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Пред кумановската публика вчера навечер премиерно беше прикажана претставата „Аудиенција“ со која беше отворена новата сезона во кумановскиот Народен театар.

Loading...

Текстот е напишан од Вацлав Хавел кон крајот на 20 век и претставува своевидна дефиниција на тој период. Драмата е апсурд и претставува тешка критика и на општеството во кое денеска живееме. Главните ликови ги играа Горан Илиќ и Чедомир Митевски, кои се задоволни од првичните реакции на публиката.

Режисерот вели дека за прв пат оваа претстава ја изведуваат во театар со целкупна техничка екипа, за разлика од претходно кога истата е изведувана во кафулиња во Скопје и останатите градови низ Македонија.

Актерот Горан Илиќ вели дека е задоволен од оваа изведба и дека премиерна изведба не може да биде меродавна, додека пак Чедомир Митевски вели дека кога прв пат ја играл оваа претстава вели дека тогаш бил аматер, а сега веќе е студент на Академијата за драмски уметности, па знаењето и искуството ги вклопува во едно.

Репризата на претставата ќе се одигра вечерва во „Народен театар – Куманово“ со почеток во 20 часот.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.