Во кумановската касарна одбележан Денот на Командата за операции (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Командата за Операции (КО), со свеченост го одбележа денот на единицата во кумановската касарна „Боро Менков“.

 

Loading...

 

Пред присутните се обрати началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој во говорот истакна дека годинава се остварила стратегиска цел, стремеж за која е работено од самостојноста на државата.

 

 

Тој додаде дека КО успешно се справува со предизвиците и на колективниот систем за одбрана е носител на традициите на Кресненското востание кои се негуваат и надградуваат.

 

Loading...

 

– Покрај предизвиците пред кои сè уште сме исправени, сè уште актуелната состојба на јужната граница и здравствената криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19, успешно го спроведуваме процесот на трансформација на армијата и интеграција во Алијансата. Вашите команди и единици со успех ги реализираат сите поставени задачи со висок степен на професионализам, за што особено сум горд како еден ваш поранешен припадник, рече Ѓурчиновски.

 

 

Тој им го честиташе Денот на КО и повика со мотивираност, чесност, тимска работа, лојалност и ефикасност да ги исполнат претстојните задачи.

 

 

Loading...

Генерал-мајор Павле Арсоски, пред присутните рече дека периодот помеѓу двата празници бил динамичен, исполнет со предизвици, трансформација на командите и единиците. Потсетувајќи на приемот во НАТО Алијансата, истакна дека Армијата била предводник на усвојувањето на стандардите. Тој во говорот се осврна и на пандемијата, на соодветниот одговор на Командата за операции, на учеството и поддршката на полицијата во Дебар, учеството во кризните штабови на локалните власти, истакнувајќи ја позитивната реакција на кумановци и соработката со локалната власт.

 

 

– Годинава изминува и нашето општество сè уште се бори со пандемијата. Очигледно е дека сите сме приморани да го менуваме начинот на живот и генерално и погледот кон истиот. Единица на Командата за операции се подготвени да одговорат не секој предизвик и секое побарување во асистенција и заштита на нашите граѓани и институции, рече Арсоски.

Loading...

 

На прославата присуствуваа и заменик на министерот за одбрана Башким Хасани, државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ, поранешни команданти на оваа команда, претставници од Министерството за одбрана и генералштабот, претставници од воените аташеа и претставници од локалната самоуправа.

 

Loading...

На свеченоста беа унапредени припадници на Командата и беа  прочитани стимулативни мерки.

За ден на Командата за Операции е определен 17. октомври, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

Текст: Александра Максимовска / фото: Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *