Во кумановската касарна одбележан Денот на единицата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Припадниците на првиот пешадиски баталјон, денеска во кумановската касарна „Боро Манков“ со воена свеченост го одбележаа 26-ти февруари, Денот на единицата.

Loading...
https://www.instagram.com/p/B9CBtUjplz0/

Пред присутните се обрати потполковник Мирче Тасев, командант на првиот пешадиски баталјон, кој се осврна на историските настани и битката водена на денешен ден пред 76 години во кумановско Жегљане, каде е формираната Третата Македонска Ударна Бригада, укажувајќи дека припадниците на единицата се горди што ги продолжуваат традициите на оваа славна бригада.

https://www.instagram.com/p/B9CDkH6JLXG/

– Денес, првиот пешадиски баталјон претставува воена сила достојна за почит, пополнета со професионален персонал, обучен и извежбан за извршување на борбените задачи во сите временски и теренски услови и во согласност со стандардите на земјите на НАТО, рече Тасев.

https://www.instagram.com/p/B9CE2hRpbEj/

Пред присутните припадници на Армијата и гости се обрати и началникот на штабот на првата пешадиска бригада, полковник Дејан Чиплаковски, кој истакна дека баталјонот е препознатлив по врвната обученост и професионализам, потсетувајќи на добиените одликувања и на учеството во вежбата „Одлучен Удар“.

https://www.instagram.com/p/B9CG5-fpnZO/

-Бидете горди што сте дел од Армијата како институција која ужива најголема довреба кај нашите грѓани, бидете горди на професијата и продолжете да работите вредно и посветено, со што заедно со останатите припадници на Армијата ќе останеме најсилната гаранција за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет, порача Чиплаковски.

https://www.instagram.com/p/B9CIRgTpKF4/

По повод одбележување на  26 ти Февруари, Денот на единицата делегација од кумановската касарна положи свежо цвеќе пред спомен плочата во село Жегљане.

https://www.instagram.com/p/B9CJZxSpfQn/

Во рамки на прославата беа доделени, награди и пофалници за припадниците на единицата, а следуваше и презентација на дел од вооружувањето, опремата и возилата со кои располага единицата. 

https://www.instagram.com/p/B9CK9LApEEM/

Текст: МИА / фото: Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply