Во Куманово утре протест поради загадениот воздух

Сподели со своите пријатели

Протест поради загадениот воздух во Куманово ќе се одржи утре на градскиот плоштад со почеток во 19 часот.

Loading...

Граѓаните се повикани преку настан на социјалните мрежи организиран од Ана Денковиќ Антевска да излеза ти да побараат поактивна реакција од надлежните институции.

– Поради проблемите со загадувањето со кои се соочува Град Куманово со недели наназад, а особено во вечерните часови од името на група на загрижени граѓани ве повикуваме заеднички да излеземе и да протестираме, да побараме одговорност и поактивна реакција од надлежните институции, да побараме да се најде загадувачот, да престане да нè труе, нас и нашите деца, стои во описот на фејсбук настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко

Како што е потенцирано протестот е граѓански.

Според надлежните загаденоста во воздухот е поради гасови што ги испушта фабрика лоцирана во Прешево.

Сѐ уште опасно ниво на јаглерод моноксид во воздухот во Куманово

Никола Ивановски