Сѐ уште опасно ниво на јаглерод моноксид во воздухот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Продолжува загадувањето на воздухот во Куманово, а нивото на јаглерод моноксид и натаму е многу опасно , покажуваат податоците од мерните станици на општината.

Loading...

Скоро сите мерни станици, освен онаа на градскиот плоштад покажуваат опасно ниво на овој гас.

Најголемото загадување регистрира мерната станица кај ОСТУ „Наце Буѓони“ каде освен високо ниво на јаглерод моноксид е регистрирано и високо присуство на суспендирани ПМ2,5 честички, и умерено ниво на ПМ10 честички.

 

Податоци од мерната станица лоцирана кај СОУ „Наце Буѓони“

 

Високото ниво на јаглерод диоксид (CO) особено опасно за срцевите болесници

Дишењето воздух со висока концентрација на јаглерод диоксид, според Агенција за заштита на животната средина на САД.

Toa ја намалува количината на кислород што може да се транспортира во крвотокот до критичните органи како срцето и мозокот.

– Многу високи нивоа на CO веројатно нема да се појават на отворено. Меѓутоа, кога нивоата на CO се покачени на отворено, тие можат да бидат особено загрижувачки за луѓето со некои типови на срцеви заболувања, пишува американската агенција.

Loading...

Овие луѓе, како што наведува агенцијата, веќе имаат намалена способност да донесат крв со кислород до нивните срца во ситуации кога на срцето му треба повеќе кислород од вообичаено.

– Тие се особено ранливи на ефектите на CO при вежбање или под зголемен стрес. Во овие ситуации, краткотрајната изложеност на покачен CO може да резултира со намален кислород до срцето придружена со болка во градите, исто така позната како ангина, се вели на нивниот сајт.

 

 

Загадувачот не е од Куманово

Според она што досега го имаат утрдено локалните и државните инспекциски служби, оваа загадување доаѓа од пограничниот регион со Србија, а потенцијалниот загадувач е фабрика лоцирана во селото Чукарка во Општина Прешево.

Градоначалникот Максим Димитриевски претходно рече дека за оваа тематика го известил и неговиот колега од Прешево.

– Побарав од државниот инспекторат за животна средина службено да поведе постапка за контрола и спречување на оваа загадување преку нивните колеги од Србија и дополнително лично ја известив Амбасадорката на Србија за овој проблем со кој се соочува нашиот град при што добив ветување дека уште денеска ќе биде интервенирано од нивна страна до надлежните институции во нивната држава, напиша Димитриевски пред три дена.

Loading...

Српските служби се известни, но засега нема решение на проблемот

Државниот инспекторат за животна средина направил контроли во низа фирми во кумановско, при што дошле до истата констатација – дека непријатната миризба доаѓа од Србија.

 

 

Оттаму велат дека го известиле српскиот инспекторат за животна средина телефонски, а официјален допис треба да испратат дури денеска, неколку недели откако беше алармирано за проблемот во јавноста.

– Договорено е официјален допис од страна на ДИЖС да биде проследен во понеделник 13.6, а официјално ќе биде запознаено МЖСПП, Министерството за надворешни работи, Царинската Управа, МВР и Општина Куманово за и тие на ниво на соработка со соодветните институции од Република Србија бидат во комуникација за брзо решавање на настанатата ситуација, стои во соопштението на инспекторатот од пред два дена.

Инаку загадувањето е регистрирано изминатиот месец кога во поголем дел од градот и неговата периферија се чувствува непријатна миризба, а на неа особено се жалат жителите на пограничното село Табановце.

Тие велат дека им предизвикува гребење во грлото и печење во очите, а особено е забележано присуството во раните утрински и доцните вечерни часови.

Loading...

Утре протест поради загадениот воздух

Протест поради загадениот воздух во Куманово ќе се одржи утре на градскиот плоштад со почеток во 19 часот.

Граѓаните се повикани преку настан на социјалните мрежи организиран од Ана Денковиќ Антевска да излеза ти да побараат поактивна реакција од надлежните институции.

– Поради проблемите со загадувањето со кои се соочува Град Куманово со недели наназад, а особено во вечерните часови од името на група на загрижени граѓани ве повикуваме заеднички да излеземе и да протестираме, да побараме одговорност и поактивна реакција од надлежните институции, да побараме да се најде загадувачот, да престане да нè труе, нас и нашите деца, стои во описот на фејсбук настанот.

Никола Ивановски