Во Куманово се дебатираше за примената на новиот Закон за урбанистичко планирање и предлог Закон за градење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Примена на новиот Закон за урбанистичко планирање и предлог Закон за градење“, беше темата на која денеска претставници на локалната самоуправа и експерти разговараа на дебата во зградата на поранешен Комитет во Куманово.

Loading...

 

 

На триината, организирана од Јавното претпријатие „Куманово план“ свое елаборирање имаа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и познатиот архитект Мирослав Грчев.

 

 

Loading...

Според Грчев, на дебатата е презентиран новиот предлог закон за урбанистичко планирање кој е во подготока.

– Целта е да појасниме, да ажурираме, да имплементираме колку што е можно повеќе од новиот закон за урбанистичко планирање кое во летото минатата година стапи на сила и почна да се применува, и од новиот правилник од урбанистичко планирање кое од есеноска е пропишан. Потребата од ваквите дебати помеѓу планерските куќи кои се занимаваат со изработка на урбанистички планови, особено помеѓу различните сектори на општнската администрација и стручни служби кои што ги водат постапките за спроведување од аспект на давање одобрение за градење на поединечни приватни парцели исто како и на земјишта за општа упореба, изјави Грчев.

 

 

Овие закони и прописи, како што вели архитектот Грчев, се големи нормативни акти кои што се една научна, техничка, административно, управно, правна и дејност со огромна радијација со огромни последици по животот.

 

Loading...

 

– Неопходно е, според Грчев, да започне активно инволвирање на сите служби кои че бидат оние нивни фацилитатори, кои ќе обезбедуваат процеси на планирање и спроведување на просторен развој на градот и решавање на проблемите.

М.Ф.

Leave a Reply