Во Куманово приведени тројца крадци, МВР најави пријави

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово биле лишени од слобода, под сомнение дека кон почетокот на месецот краделе од приватен имот.

Loading...

– На 14.11.2023 година во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.С.(30), С.Д.(22) и Д.Д.(32), сите од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тие се сомничат дека на 04.11.2023 на улица „Маршал Тито“ во Куманово влегле на приватен имот и одзеле повеќе предмети.

– Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

Никола Ивановски