Во Куманово помала излезност во вториот круг, во Липково и Старо Нагоричане поголема

Сподели со своите пријатели

Заклучно 18:30 часот во најголемата општина во државата, Куманово се бележи пад на излезноста, додека зголемена излезност споредбено со првиот изборен круг има во Липково и Старо Нагоричане.

Loading...

Во Куманово гласачкото право до 18:30 часот го искористиле 42,30 отсто од граѓаните или вкупно 88.838 лица, што мал пад на излезноста споредбено со првиот круг, кога до истиот период гласале 39 отсто.

Општина Старо Нагоричане бележи зголемена излезност. Таму во првиот круг излезноста била 40,04 отсто, додека денеска заклучно 18:30 часот гласале 48,30 отсто од граѓаните.

Поголема излезност се бележи и во Липково. Таму во првиот круг до 18:30 часот гласале 17,24 отсто од запишаните избирачи, а денеска во истиот период правото на глас го искористиле 23,93% од гласачите.

Сепак цензусот е постигнат. На ниво на државата излезноста е 44,5 отсто и изборниот ден е успешен. Македонија вечерва ќе има нов претседател или претседателка.

Leave a Reply