Во Куманово одбележан Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во рамките на Неделата на Црвен крст на РСМ (8-15 мај), Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Куманово го одбележа 8-ми мај Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. На ден 12.05.2022 година на Градскиот плоштад во Куманово, организираше настан за претставување на работата и активностите на нашата организација.

Loading...

 

 

Под мотото Биди човечен, ја промовиравме хуманоста, човечноста и љубезноста. Волонтерите им пристапуваа на случајни минувачи, љубезно им пружаа рака за поздрав и за возврат им подаруваа мотивациони пораки со подарок чоколадна бонбона. Граѓаните беа многу пријатно изненадени и благодарни за убавиот гест од страна на волонтерите.

 

 

Loading...

Поставени беа промотивни штандови преку кој минувачите ги запознававме со работата на Црвениот крст на локално и национално ниво. Имаше пункт за приказ на показни вежби од областа на првата помош, штанд за прикажување на ПХВ активностите, галерија со слики од активности на волонтерите.

 

 

Настанот го одбележа и соработката со училишниот клуб од ОСТУ Наце Буѓони кој имаа настап со приказ на своите активности.

 

 

Loading...

Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува секоја година на овој датум во чест на Анри Динан, основоположникот на ова движење, кој е роден на 8 мај 1828 година.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Интегрално соопштение

Loading...