Во Куманово одбележан Денот на независноста (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Под покровителство на Градоначалник и Совет на Општина Куманово, а во организација на Фондација за култура и спорт – Куманово, денеска пред споменикот Жена борец на градскиот плоштад со свечена и пригодна програма беше одбележан државниот празник 8 Септември – Ден на независноста на Македонија.

Loading...

По официјалниот дел од свеченото одбележување, присутните имаа можност да ги погледнат изложените извадоци од документи настанати при одржување на Референдумот, односно покана за Референдум, Декларацијата за независност, која ја усвоил првиот повеќепартиски македонски парламент на 25 јануари 1991 година и орденот „8 Септември“.

Свое обраќање пред присутните имаше претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...