Во Куманово ќе се одржи отворен семинар за НТЦ систем за учење

Сподели со своите пријатели

Во организација на Центар за едукација и советување од Скопје, а во соработка со Здружение за умствен развој на деца “Браин Гинис” Куманово, a во соработка со , на 22 мај во НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев” во Куманово ќе се одржи семинар за сите заинтересирани родители и  просветни работници посветен на NTC (Никола Тесла Центар) систем за учење.

Loading...

НТЦ претставува специјализирана образовна програма, базирана на сознанијата од неурофизиологија и педагогија, дизајнирана за работа со деца од предучилишна и училишна возраст.

Програмата има за цел да го поддржи и одржи развојот на биолошкиот потенцијал на детето, поттикнување на мисловните активности, развојот на интелектуалните и креативните способности, интелигенција и креативно размислување на секое дете. Дополнителна вредност на програмата е тоа што овозможува идентификација на талентираните деца и да се забрза нивниот развој.

Автор на програмата е д-р Ранко Рајовиќ, лекар специјалист, роден во 1964 година, основач на МЕНСА Југославија (денеска Србија) и одел за талентирани NTC (Никола Тесла Центар), член е на бордот на директори на МЕНСА Интернационал и претседател на Комитетот на МЕНСА Интернационал за талентирани деца. Живее и работи во Нови Сад- Србија, оженет, татко на четири деца.

logo-ntc,,NTC систем за учење ќе одговори на прашањето ,,Како да се стимулира големиот потенцијал на нашите деца пред да тргнат на училиште?” – односно во клучниот период за развојот на важни центри на мозокот. Програмата во центар ја става одговорноста на родителите, кои не се свесни дека со (не) дозволување на децата, да прават одредени активности, го попречуваат правилното развивање на нивните деца. Примери има многу, родителите им забрануваат на децата да скокаат, да се вртат во круг, или на пример им олеснуваат облекување на кондури купувајќи ги токму тие без врвки. Мозокот се развива во движење – 3 до 4 часа седење е еднакво на 40000 движења помалку! Децата имаат инстиктивна потреба да се движат, а нашата улога е да не ги спречиме во тоа, туку да им дозволиме, но обезбедувајќи им сигурно и стимулативно опкружување, велат организаторите

Семинарот ќе им овозможи на родителите, наставниците, воспитувачите и други стручни соработници, практична примена на програмата во работа со децата, збогатувајќи ја секојдневната работа со елементи кои го спречуваат пореметување на вниманието, а воедно развиваат брзина на размислување и заклучување.

NTC систем на учење се применува во 14 земји низ целиот свет, а сега и Куманово ја има таа чест да биде дел од таа глобална програма.

Leave a Reply