Во Куманово денеска максимални 7 степени

Сподели со своите пријатели

Времето утрово е ведро и студено. Во Берово утрово е најстудено, -11 степени, а максимални два степена се измерени во Дојран.

Loading...

Во текот на денот ќе биде сончево, попладне со умерена до значителна облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне 7 степени, а минималната во текот на ноќта вечерва ќе се спушти два степени под нулата.

Leave a Reply