Во кои руски градови се пие најмногу алкохол?

Сподели со своите пријатели

Руска маркетинг агенција спровела анализа во кои градови најмногу се пие алкохол, а првото место го заземал Саратов.

Loading...

на второто место е Ханти-Мансијск, а на третото Перм, додека во првата десетка влегле и Саранск, Краснојарск, чита, Ростов на Дон, Чељабинск, Хабаровск и Новокузњецк.

Москва го зазема 16. место според количината на испиен алкохол.

Анкетата е спроведена во октомври врз основа на 2.350 испитаници.

Руските власти во септември годинава соопштија дека според податоците на Министерството за земјоделство употребата на алкохол во последните 12 години ширум Русија опаднала за 40 отсто, но дека и натаму цифрата е прилично голема.

Leave a Reply