07.09.2019 12:20

Во Јапонија откриен нов вид диносаоруси

Facebook Twitter Google+

Научниците од универзитетот Хокаидо анализирајќи коски од диносаурус стари 72 милиони години откриле дека скелетот припаѓа на нов вид од семејството Хадаросаурид.

Исто така, тој е најголемиот скелет на диносаурусите досега пронајден во Јапонија, во градот Мукава.

Loading...

Дел од опашката на диносаурусот е откриена при заедничко ископување спроведено во 2013 година во музејот Хобек и музејот на универзитетот Хокаидо, пренесува Си-Ен-Ен.

Последователните ископувања откриле скоро комплетен скелет на диносаурус, кој бил опишан во студијата објавена во „Санифиј Рипс“.

Скелетот припаѓа на нов род и видови тревопасни животни од семејството хадросауриди, се вели во соопштението на универзитетот.

Диносаурусите биле наречени „Kamuisaurus japonicus“ од научниците. Името потекнува од „камуи“, зборот за божество во Аину, јазик на домородното население од северна Јапонија и „саурус“, што на латински значи рептил; и „japonicus“ за Јапонија.

Овој гигантски гуштер бил долг околу 8 метри и тежел 4 или 5,3 тони, во зависност од тоа дали одел на две или четири нозе, што е приближно тежината на азиски слон.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments