Во Гимназија “Гоце Делчев” се одржа работилница за детски права и интеркултурна комуникација

Сподели со своите пријатели

Во кумановската Гимназија “Гоце Делчев“, во текот на вчерашниот ден беше организирана работилница за “Детски права и интеркултурна комуникација“ во организација на Хуманитарно Здружение „Мајка“ од Куманово во партнерство со Коалиција СЕГА – Прилеп, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје, Советот за превенција и против  малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Центар за едукација и развој – Теарце и Ромски Ресурсен Центар –Скопје а со поддршка на Детската Фондација Песталоци.

Loading...

Работилницата се одржува откако од 16 – 20 август 2015 во хотел „Бисер” во Струга во состав на проектот се спроведе  и “Летен Камп“, на кој учество зедоа вкупно 42 деца од различна националност, на возраст од 14 – 16 години од градовите Прилеп, Скопје, Куманово, Теарце, Тетово, Кавадарци, и Струмица.

Преку различни креативни активности, на овој летен камп на децата им се овозможи да се стекнат со вештини и интеркултурни знаења од областа на детските права и интеркултурната комуникација. На кампот присуствуваа и ученици од кумановската Гимназија Гоце Делчев.

Како резултат од овие активности, децата креираа акциони планови за спроведување на Национална кампања под мотото „Сите деца со исти права! За подобро утре!” која ќе послужи за промовирање на интеркултурната комуникација и детските права во нивните градови и училишта.

Досега ваква работилница се спроведе и во  ОСТУ„Наце Буѓони“, а денеска ќе се одржи во ОСУ „Перо Наков“.

 

Capture

Во рамките на проектот, утре /8 октомври/ ќе се организира спортски натпревар во ОСТУ „Наце Буѓони“ во 12 часот,  а на 9 октомври, настан на градскиот плоштад закажан за точно напладне.

Активностите се поддржани од Секторот за образование на Општина Куманово.

Loading...