Во Германија работат 820.000 вработени од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година

Сподели со своите пријатели

Околу 820.000 вработени од десетте земји кои ѝ се приклучија на Европската унија во 2004 година моментално работат во Германија, што претставува 2,4 отсто од сите вработени во Германија, се вели во тековниот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Loading...

Како што истакнува Јоаким Рагниц, директор на огранокот на МФО во Дрезден, тогашните стравувања дека проширувањето на Европската унија ќе ги загрози работните места на Германците не се остварија ниту по 20 години.

Работниците од Чешка, Словачка, Унгарија, Полска, Словенија, Естонија, Латвија, Литванија, како и оние со потекло од Кипар и Малта, генерално работат во области кои не се привлечни за Германците поради ниските плати или неповолните работни услови, се вели во извештајот.

Другата страна на медалот е тоа што работниците од споменатите земји не го решија проблемот со недостигот на квалификувана работна сила во Германија, односно недостигот на луѓе кои работат на попребирливи позиции, предупредува Рагниц.

Во Германија најзастапени се работниците од Полска со учество од 64,8 отсто, Унгарците 14,2 отсто, Чесите 8,4 отсто, додека статистички незначителен е уделот на работниците од Малта, Кипар или Естонија, се заклучува во извештајот, пренесува Танјуг.