Франција во вторникот влезе во четвртата недела на изолација за борба против епидемијата на коронавирус во која досега се загубени скоро 9.000 човечки животи во земјата.
„Изолацијата ќе трае онолку колку што е потребно затоа што сè уште не го достигнавме врвот на епидемијата“, рече министерот за здравство Оливие Веран, додавајќи дека во моментов не се зборува за ублажување.
Со прекрасното пролетно време и претстојниот велигденски празник, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер побара од началниците од полицијата „случај по случај да ја разгледаат потребата од зајакнување на мерките“ каде може да се забележат знаци на олабавување.
Кои економии најлесно ќе заздрават од последиците на пандемијата?
„Бидете строги во однос на мерките за изолација… ова е единствениот начин да се борите против епидемијата“, рече претседателот на Научниот совет Џин Франсоа Дафраиси.
Првите знаци дека изолацијата вроди со плод, се забележуваат во регионот Гранд Ест, а Стразбур наскоро ќе биде домаќин на центар за преглед и советување за коронавирус.
Во Франција, сè уште има голем притисок врз болниците и установите за нега на стари лица.
Шпанија брои нови 743 смртни случаи
Од 1 март, 8.911 луѓе починале од вирусот 2 во Франција, од кои 6.498 во болници и 605 само во последните 24 часа.
Во пресрет на можна вакцина, клиничките испитувања од денес започнуваат во Франција со трансфузија на крвна плазма на излечени пациенти што треба да бидат примени од пациенти во напредната фаза на болеста.
Овој метод се докажа дека е донекаде ефикасен кај пациенти со САРС и ебола.
Airbnb обезбеди уште милијарда долари во борба против вирусот
Франција продолжува да се снабдува заштитни маски од Кина и очекува да се испорачаат скоро две милијарди парчиња до крајот на јуни.
Изолацијата во Франција треба да трае до 15 април, но можно е таа да биде продолжена.