Се е подготвено за уште еден спектакуларен „Мото рок фест“ во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Спортскиот аеродром Аџитепе ќе биде центарот на забавата во Куманово и Македонија на 13ти и 14ти јуни кога ќе се одржи „Мото рок фест“.

Организаторите Мото клуб „Мечки“ велат дека подготовките се при крај и се надеваат на уште едно успешно издание кое ќе го урне секој досегашен рекорд за посетеност.

Фестивалите ќе имаат целодневни програми и за деца и за возрасни, а кулминациите на забавите ќе бидат во вечерните часови со настапи на музички бендови од регионот, но за прв пат и од Америка.

На првата фестивалска вечер која започнува на 13 јуни ќе настапат македонските бендови „Лектира“ и „Паркети“, по нив американскиот „The Hooten Hallers“ и на крај популарниот кумановски бенд „The Solution“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мажите ретко одат на превентивни прегледи, лекарите повикуваат на поголема грижа за здравјето (ВИДЕО)

Втората фестивалска вечер, во сабота на 14ти јуни ќе настапат македонските „Overload“, „Riff band“ од Србија, „Стрингси“ од Босна и Херцеговина, по што ќе следуваат српските „Деца из воде ЕКВ“ и Срѓан Жика Тодоровиќ.

За тоа како течат подготовките, каква интересна програма приредија кумановските моторџии дознајте повеќе во видео разговорот во продолжение:

 

Никола Ивановски