Во Франција нема да има целосно исклучување на струјата

Сподели со своите пријатели

Во Франција не се очекува да има целосно затемнување во текот на зимата поради енергетската криза, но можни се одредени ограничувања во периоди на пик потрошувачка, објави денеска францускиот дистрибутер на електрична енергија РТЕ.

Loading...

Намалувањето на потрошувачката на електрична енергија за еден до пет отсто, како и за 15 отсто во случај на недостиг на гас и многу студено време, ќе овозможи да се избегне енергетски дефект, изјави францускиот дистрибутер, пренесува Ројтерс.

Невозможно е целосно да се предвиди состојбата на енергетскиот сектор во Франција со оглед на ситуацијата во соседните земји, побарувачката за зголемена потрошувачка на електрична енергија во наредните месеци и состојбата на француските нуклеарни реактори, од кои половина во моментов се исклучени поради дефект и редовно одржување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Во споредба со другите европски земји, Франција е во помалку лоша позиција во однос на снабдувањето со електрична енергија и се очекуваат само неколку денови за црвен аларм оваа зима, што значи дека ќе има принудно исклучување, се вели во соопштението на РТЕ.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.