Во Еквадор, девет мртви во вооружен напад врз рибари

Сподели со своите пријатели

Девет лица загинаа вчера во напад на десетина неидентификувани вооружени мажи во рибарското пристаниште во градот Есмералдас во северозападниот дел на Еквадор, кој граничи со Колумбија, соопштија официјални извори.

Loading...

Околу 30 напаѓачи кои дојдоа со чамци и автомобили упаднаа во пристаништето и отворија оган врз рибарите, изјави министерот за внатрешни работи Хуан Запата, додавајќи дека девет лица се убиени.

Тој рече дека нападот е поврзан со борби на бандите за територија. Нападот се случи затоа што рибарите избраа да бидат заштитени од една криминална организација, а беа нападнати од друга, рече Запата.

„Седум тела се пронајдени во рибарско пристаниште во кантонот Есмералдас и две во соседната здравствена клиника, соопшти обвинителството.

Инцидентот се случил утрото околу 9 часот по локално време кога околу 1.000 луѓе биле во пристаништето на брегот на Тихиот Океан, изјави министерот за внатрешни работи.

Напаѓачите, кои биле добро вооружени, пукале без да ги изберат своите цели, додаде тој.