Полицијата на Мајорка ги привела младенците и сите кои биле повикани на нивната венчавка.
Додека сите чекале да се заврши обредот, 34-годишниот младоженец отишол во тоалетот, но сакото го оставил префрлено преку столчето, јавуваат шпанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Полицајците следејќи го мажот кој бил пуштен од затворот само за да се венча, потоа забележале сомнителни движења на 43-годишната невеста и сведоците. Направиле претрес на сакото и во џебовите нашле три кондоми, од кои два биле наполнети со 90 грама хашиш, а еден со вазелин.
Планот бил кондомите да ги пренесе во телото, за да дрогата подоцна ја продава во затвор.
Кога полицијата соопштила дека од венчавката нема да има ништо, мажот им се нафрлил и се обидел да им го одземе оружјето. Потоа го одвеле назад во затвор, а во притвор биле задржани и свршеницата и сватовите.
– Како и многу пати, и во овој случај реалноста ја надмина фикцијата, пишува локалниот весник „Улитма ора“.