Во Бугарија отворена изложбата на кумановските уметници (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Уметничката галерија Цвета Шуманова, во Велинград, Република Бугарија вечерва беше отворена биеналната изложба на слики  „Скици 2022“, на која се преставени триесетина дела на академски сликари кои живеат и работат во Куманово.

Loading...

Свои дела изложвија 14 ликовни уметници од Куманово: Зоран Јакимовски, Мухамедали Алили-Дали, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Милена Арсовска, Симона Јакимовска, Александар Стефановски, Ана Јовановска, Валентина Илијевска, Стефан Анчевски, Марија Величковска и Симона Димковиќ.

 

 

Оваа изложба е во склоп на Велинградските празници, културна манифестација која е под покровителство на Општина Велинград, а по покана од Уметничката галерија во Велинград и директорот Стојчо Маров. Изложбата ќе допринесе до зближување помеѓу двете културни институции, Центарот за култура Трајко Прокопиев од Куманово и Уметничката галерија од Велинград.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

– Преку културата и запознавањето сакаме да допринесеме до зближување на нашите две држави. Се заблагодаруваме на поканата од галеријата од Велинград. Исто така имаме покана и од галеријата од град Плевен, во Бугарија за гостување и во тамошната галерија. Последниве години Куманово стана расадник на млади, талентирани, креативни уметници. Оваа изложба веќе ја промовиравме и во Неготино, а ќе ја промовираме и во други градови откако ќе се врати од Бугарија, затоа што навистина публиката заслужува да ја види“. Идната година очекуваме возвратна посета на ликовните уметници од Велинград со своја изложба во Куманово – Сашо Тодоровски, директор на Центар за култура Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тренер физички нападнал спортист во Куманово

 

Loading...

 

 Изложбата е финансирана од Министерството за култура на РСМ, а во организација на Центарот за култура Куманово.

Интегрално соопштение