Во болница дошол со тумор кој ги шокирал лекарите – тоа не биле човечки клетки

Сподели со своите пријатели

По завршување на биопсија на тумор во телото на починатиот Колумбиец лекарите пронашле шокантна маса на туморот во белите дробови која и била предизвикувач на неговата смрт. Туморот во себе немал човечка ДНК, туку станувало збор за клетки од тенија (паразит).

Loading...

Бевме шокирани кога ја пронајдовме оваа нова болест, тении кои растат во една личност добиле рак, се проширило на човекот, што го предизвикало туморот – вели др. Атис Маунхелбакх, патолог на одделот на Патологија и заразни болести во Центарот за надзор и превентивни заболувања.

Маж на 41-годишна ворзраст ги посетил лекарите во Колумбија, затоа што неколку месеци пател од висока температура, кашлање и губење на телесната тежина. Пред десет години му била дијагностицирана СИДА, но не земал лекови за истата.

Лекарите веднаш сфатиле дека нешто чудно се случува кога ги проучиле клетките од ракот под микроскоп, тие не изгледале како човечи клетки, туку биле десет пати помали.

По неколку тестирања, токриле дека станува збор за ДНК на вид на тенија Х, нана, во неговиот тумор.

Фактот дека боледувал од СИДА, и дека имал ослабнат имунитет, сигурно допринел за развој на туморот кај паразитите. Иако сигурно се работи за редок случај, лекарите предупредуваат дека тениите и сидата погаѓаат милиони луѓе ширум светот.

Пациентот починал само 72 часа откако лекарите откриле дека туморот произлегол од паразитот Х. Нана. Се работи за најчест вид на тенија, кој момент ја има кај околу 75 милиони луѓе во светот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.