Во Австралија е толку топло, што лилјаците паѓаат мртви

Сподели со своите пријатели

Колонија овошни лилјаци во Австралија скоро е пред исчезнување поради незапаметениот тополотен бран, покрај очајните обиди за спасување од страна на еколошки активисти.

Активистите пронашле 3.000 мртви лилјаци, познати и како летечки лисици од кои поголемиот дел биле младенчиња.

Меѓутоа, вистинскиот број на угинати лилјаци е далеку поголем. Кралството друштво за спречување на суровост кон животните проценува дека и до 100.000 животни и 25 различни колонии во Австралија угинале за време на викендот, пренесува „Тајм“.

Зошто лилјаците спијат наопаку?

Loading...

Прегреаните лилјаци ги напуштаат своите млади во потрага по вода, но многумина од нив наскоро паѓаат на земјата и угинуваат.

– Всушност се варат живи. Тоа влијае на нивниот мозок. Мозокот едноставно им се пржи и стануваат некохерентни, објаснува активистката Кејт Рајан.

Лилјаците тешко одржуваат нормална телесна температура кога надворешната надминува 40 степени, а губитокот на природното живеалиште ги води се подалеку од реките и езерата кои можат да им ги спасат животите.

ДОдека во недела температурата во Сиднеј достигна 47,3 степени целзиусови, а асфалтот се топеше, волонтерите во Квинсленд се обидувале да спасат лилјаци, рехидрирајќи ги и носејќи ги во ладовина.