Во Авганистан уапсени четворица работници на германска хуманитарна агенција

Сподели со своите пријатели

Талибанските власти во Авганистан уапсија четворица локални вработени во хуманитарната агенција на германската влада, соопшти германското Министерство за економска соработка и развој.

Loading...

„Можам да потврдам дека локалните функционери на германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) се во притвор, иако не добивме официјална информација зошто се приведени“, изјавила портпаролката на министерството за Асошиејтед прес. од агенцијата Бета.

„Ние ја сфаќаме оваа ситуација многу сериозно и ги преземаме сите можни чекори за да обезбедиме ослободување на сите наши приведени колеги“, додаде таа.

Германската агенција за меѓународна соработка е управувана од германската влада и работи во околу 120 земји ширум светот, обезбедувајќи проекти и услуги во областите „економски развој, унапредување на вработувањето, енергија и животна средина, мир и безбедност“, според веб-страницата на агенцијата.

Човековите права на ниско ниво

Талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година, по повлекувањето на американските и НАТО силите од земјата.

Многу странски дипломатски претставништва, вклучително и германската амбасада во Кабул, ги затворија своите канцеларии.

Иако првично ветуваа поумерено владеење отколку за време на нивното претходно владеење од 1996 до 2001 година, тие постепено повторно го наметнаа своето строго толкување на исламскиот закон.

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк, во септември изјави дека човековите права во Авганистан се на најниско ниво, повеќе од две години по враќањето на Талибанците на власт.

Loading...