ВНИМАВАЈТЕ: Ова се симптоми за алергија на соцне

Сподели со своите пријатели

Алергијата на сонце е сериозна работа, но многумина не ги знаат симптомите. Всушност, тоа не е сериозно по здравјето, но може да биде причина за болка и иритација.

Loading...

– Алергијата на сонце е состојба која се јавува на ожат апри изложеноста на сонце. Честот се јавува кај лица кои имаат светол тен, а претежно се јавува на пролет, на деловите од телото кои биле покриени во текот на зимата, а сега се изложени на сонцето, како раката и вратот.

Рани симптоми се чешање, црвенило, оток и осип, кои можат да се јават во форма на испакнатини или пликови. Тоа се случува веќе неколку минути по изложеноста на сонце, но може да се јави и неколку часа потоа, објаснува др. Клер Морисон.

Таа истакнува дека е тешко да се дијагностицира алергијата бидејќи симптомите варираат, па кај една личност може да се јави осип, кај друга оток, без оглед на тоа што кожата била прекриена со заштитна крема.

Најважно кај алергијата на сонце е да утврдите дека симптомите се предизвикани со изложеноста на сончева светлина. За да тоа го тестирате, прекријте дел од кожата и видете дали симптомите ќе се повлечат.

Покрај болката и иритазацијата, алергијата на сонце може да влијае на вашето здравје и на друг начин. Поради алергијата луѓето избегнуваат да излезат надвор, поради што може да се јави недостаток на витаминот Д.

Најдобар начин да ја заштитите кожата, дали од зрачење или алергиска реакција, е да ги блокирате сончевите зраци да не дојдат до кожата. Носте соодветна облека, заштитна крема со висок SPF фактор и избегнувајте изложеност на сонцето кога тоа е најсилно.

Image by Igor Link from Pixabay

Loading...

Leave a Reply