ВМРО-ДПМНЕ: Училишниот превоз во Куманово поскап за 652 пати од битолскиот

Сподели со своите пријатели

За 652 пати бил поскап училишниот превоз во Општина Куманово за разлика од оној во Битола, обвини вчера пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

Ако општина Битола и градоначалникот Владо Талевски организирале превоз на ученици кој во просек чини 4.2 денари по километар, согласно информациите со кој располагаме просечната цена на чинење во општина Куманово по изминат километар изнесува неверојатни 2 741 денар по изминат километар. Повторувам, 2 741 денар во Куманово, наспроти 4.2 денари по километар кој се плаќа во една Битола. Или ако ова е точно, тоа значи дека Кумановчани под раководство на Зоран Дамјановки од СДСМ плаќаат превоз на ученици кој е поскап за 652 пати споредено со Битола – вели Ѓорѓиевски.

Според него Дамјановски за ова користи алиби дека ученицит еимаат целодневен билет кој можат да го користат во едукативни цели и за унапредување на знаењата и вон училишните активности, иако тој е наменет само учениците да бидат превезени до училиштата за да следат настава.

Токму ова Дамјановски го користи да ја прошири услугата и на тендерите да се качуваат цени кои потоа ги добива фирма која низ Куманово е познато дека е блиска до СДСМ. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека Битола плаќала јавен превоз поскап од Токио. Аналогно на ова, Зоран Дамјановски плаќа во Куманово поскап превоз и од Токио, од Њујорк, Лондон и од други десетина светски метрополи заедно – додава Ѓорѓиевски.

Како што истакна пратеникот од Куманово ова е доказ за политичките хајки кои се прават од страна на Специјалното јавно обвинителство против градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.

Апелирам до Основното јавно обвинителство до сите надлежни државни институции да го проверат работењето на Зоран Дамјановски и целосно да го испитаат сомнежот за огромен криминал во општината – додава пратеникот.

Напомена дека за да се истражи случајот има 652 причини.