ВМРО-ДПМНЕ: Општина Куманово работи со блокирана сметка, а директен виновник е СДСМ

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово е една од најзадолжените во државата, има блокирана сметка, и работи со задолжителна судска резерва, велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, од каде за таквата состојба ја обвинуваат СДСМ, бидејќи како што велат оттаму доаѓале сите досегашни градоначалници.

Loading...

Ова е сериозен проблем кој го кочи развојот на Куманово, вели портпаролот на кумановскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ Милан Давидовиќ, кој вели дека е завршена уште една фискална година, а проблемот со блокадата не е надминат.

До градоначалникот, Давидовиќ упати повеќе прашања, меѓу кои и колку изнесува долгот на општината.

– Дали оваа презадолженост на општината е причина поради која Димитриевски има намера да посегне по џебот на кумановци, воведувајќи наплата на веќе постоечки бесплатни паркиралишта и можеби воведувајќи и други давачки? Дали бурната реакција на јавноста го попишмани во оваа намера, па ќе почека да поминат изборите и потоа да ја реализира оваа намера за наплата на паркингот кај градскиот базен? Дали според Димитриевски е нормално една од најзадолжените општини во Република Македонија да троши фантастични 1 миљарда денари на плати и надоместоци на вработени, чиј број е дуплиран во последниве 10 години? Дали според Димитриевски е нормално една од најзадолжените општини во Република Македонија да троши енорми 23 милиони на дневи и патни расходи; Големи 20 милиони денари на прехрамбени продукти и пијалоци; Огромни 16 милиони денари на привремени вработувања и неколку милиони на купувања на нови луксузни возила, праша Давидовиќ на денешната прес конференција.

Давидовиќ вели дека сите тие суми се предвидени да се потрошат според Буџетот за 2020 година и вели дека Куманово систематски се унитштува од структури на СДСМ веќе со децении.

Никола Ивановски

Leave a Reply