Влегол во својот подрум, а таму го чекало непријатно изненадување кое го избезумило (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Еден Австралиец (а кој друг?) се шокирал кога во подрумот забележал три-метарски завиткан питон.

Loading...

Робин Форд останал запрепастен кога видел огромен дијамантски питон завиткан на ѕидот од подрумот во неговиот дом во Сиднеј.

Иако не е отровен питонот, тоа е глетка на која малкумина би можеле да останат рамнодушни.

 

Форд веднаш повикал експерти за отстранување на змии и тие безбедно го извадиле питонот.

Фотографијата беше објавена на Фејсбук и брзо стана вирална, а многумина признаа дека сметаат дека нивните срца би престанале да чукаат при средба со ваква сцена.

Патем, Австралија има околу 170 различни видови копнени змии. Дијамантски питон може да порасне до четири метри и да тежи до 15 килограми.

Loading...

За среќа на Форд, питонот што го пронашол во подрумот не е отровен, а важи за една од најмирните змии, која ретко претставува закана за луѓето.

Leave a Reply