Владината одлука за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и родителите со деца до 10 години

Сподели со своите пријатели

Владината одлука од вчерашната 57-ма седница за враќање на работа од Први јуни не важи за хронично болните и за родителите кои имаат деца на возраст до 10 години, или деца на претшколска возраст.

Според одлуката на Владата, од Први јуни годинава престануваат да важат заклучоците со кои различни категории вработени лица се ослободени по различни основи од редовно и тековно извршување на работните активности, како што се упатување за работа од дома, патување за работа кон градот Скопје, организирање на работниот процес со ротации и другите слични мерки и препораки.

Loading...

Оваа одлука ќе биде придружена со соодветен протокол за работа, дејствување и однесување на работно место кој се однесува на просторните услови, физичкото растојание во работните и другите простории, носењето лична заштитна опрема и слично.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *