Владата го најави новиот проект „Купи куќа за млади“

Сподели со своите пријатели

Владата вчера го најави почетокот на новиот проект „Купи куќа за млади“ кој предвидува субвенции за млади лица до 35 години за купување на новоизградена куќа, како и за изградба, доградба или надградба на сопствена куќа.

Проектот ќе стартува од 1 февруари идната година и ќе важи за лица самци или во брак, при што е доволно само едниот да е помлад од 35 години.

Месечните приходи треба да се до 900 евра за поединец, а до 1.300 евра по семејство. Лицата не треба да имаат други кредити или задолжувања и треба да се кредитоспособни.

Максималниот износ на кредитот што ќе го субвенционира државата е 50 илјади евра, а отплатата е најмногу 20 години. Каматата ќе биде 3,95 отсто во првите три години, 4,44 отсто во четвртата и петтата година, а потоа според регуларни банкарски камати.