03.12.2019 09:50

Влада денеска ќе ја одржи 168. седница


Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 168 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

На предлог на Министерство за финансии на оваа седница ќе биде презентирана информацијата во врска со воведување на системи и алатки за автоматска контрола на валидност на даночното побарување и повратот на средства што ја подготви Управата за јавни приходи.

loading...

На предлог на истото министерство на денешната седница министрите во владата ќе се произнесат за предлог-одлуката за усогласување и менување на Царинската тарифа за 2020 година.

На оваа седница ќе се разгледа и информацијата за План за Гаранција за млади 2020-2022 година во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

На денешната седница ќе се расправа и за Предлог-програма за изменување на Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности во Република Северна Македонија за 2019 година.

Министерство за надворешни работи за дневниот ред на оваа седница го предлага Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки.

За оваа седница на владата е предвидено и усвојувањето на информацијата за потпишување Договор за грант за музички инструменти и опрема за звук и осветлување на Национална опера и балет, како донација на Владата на Јапонија.

Редовната 168 седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments