Вкупно 292 тешки сообраќајки имало минатата година во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 292 сообраќајни незгоди со тешки последици во текот на 2017. година се случиле на подрачјето на Општина Куманово, според статистиката која денеска ја објави Министерството за внатрешни работи.

Во незгодите во кумановско страдале вкупно 447 лица, а две лица го загубиле животот. Со тешки телесни повреди завршиле вкупно 57 граѓани во вкупно 290 тешки сообраќајки, а со поленси повреди се здобиле 388.

Од сите случени сообраќајни несреќи во Куманово во текот на изминатата година причинета е материјална штета во износ од 8,8 милиони денари.

Во Крива Паланка регистрирани се 34 сообраќајни незгоди со тешки последици, а двајца ги загубиле своите животи, тешко повредени биле 5, а полесно 43 лица.

Во Кратово се случиле 11 потешки сообраќајки, во кои едно лице загинало, а 16 се тешко повредени.

Севкупно на територијата на државата биле регистрирани 4.019 тешки сообраќајни незгоди во кои загинале 137 лица, а причинета била материјална штета од 116 милиони денари.

Leave a Reply