Високите температури до крајот на векот би можеле да убиваат 90.000 Европејци годишно

Сподели со своите пријатели

Ново истражување на Европската агенција за животна средина наведува дека до крајот на векот, околу 90.000 Европејци би можеле да умираат секоја година поради екстремни горештини.

Loading...

Агенцијата ги проучуваше ефектите од климатските промени врз здравјето и ги повика земјите да ги подготват своите здравствени системи за глобалното затоплување.

Долготрајните топлотни бранови и „тропските ноќи“, кога температурите се над 20 целзиусови степени, се очекува значително да се зголемат поради емисиите на стакленички гасови, пишува Euro news.

„Најголемата директна климатска закана за здравјето на луѓето во Европа е топлината, што е пример за големиот број смртни случаи кои се припишуваат на екстремно високите температури и продолжените топлотни бранови во текот на летото 2022 година. Смртноста поврзана со топлината се зголемува низ Европа од почетокот на 21 век, особено во јужниот дел на континентот“, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Илјадници царски пингвини угинаа на Антарктикот

Луѓето ќе бидат почувствителни на топлина

Европејците се особено чувствителни на екстремни горештини бидејќи населението старее, а постарите се најизложени на ризик од топлина, пишува Euro news.

Според прогнозите на Евростат за 2019 година, процентот на стари лица на возраст од 65 години и повеќе се очекува да се зголеми за 11 процентни поени, од 20 отсто од населението на почетокот на 2018 година на 31 отсто до 2100 година.

Кардиоваскуларните болести и дијабетесот се очекува да се зголемат кај Европејците, што ги прави подложни на изложеност на топлина.

Климатските промени доведуваат до зголемување на бројот на комарци и крлежи кои носат болести, што најверојатно ќе доведе до нови епидемии на инфекции, се вели во извештајот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ: Еве во која храна има најмногу пластика!

Од Агенцијата за животна средина на ЕУ велат дека здравствените системи мора да бидат подготвени за ваква иднина.