Вина, чаеви, тапи за риболов и моторцикл паднаа во рацете на Царинската управа (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, вино, моторцикл, автоделови, лекови, компресор, парфеми, тоалетни води, балони, облека, преносни компјутери, тапи за риболов, чаеви и фалсификати, стои во неделниот извештај на Царинската Управа на Република Македонија.

Loading...

3

На Граничниот премин Табановце се запленети 48 шишиња (0,75 L) вино откриени при контрола на македонско возило, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавеното вино, пронајдено е во осум картонски кутии сместени во кабината на возилото. Стоката е привремено задржано, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

Цариниците заплениле и употребуван моторцикл марка BENELI 110 и 54 употребувани трапови за патнички возила откриени во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.

8

Во првиот случај, при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Италија- Делчево, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, во багажниот простор е пронајден непријавен употребуван моторцикл, сопственост на македонски државјанин, патник во автобусот. Покрај тоа, при проверка на документите на моторциклот утврдено е дека бројот втиснат на шасијата на одговара на бројот наведен во сообраќајната дозвола.

575 флуоресцентни тапи за риболов од 3,4,5 и 6 грама исто така паднаа во рацете на цариниците на Табановце. Откриени се при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

2

Непријавените тапи, пронајдени во две картонски кутии сместени на долниот кревет и во кабината на возилото, се привремено задржани, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

Царинската управа запленила и 136 пакувања чаеви FEMINA TIRO, FEMINA и IMUNO STRES ART, откриени приконтрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

4

Непријавените чаеви, пронајдени во најлонски кеси и две торби сместени зад возачкото седиште, пред и зад совозачкото седиште, на задното седиште и во багажниот простор, се привремено задржани, а против сторителот е поведена соодветна постапка.