Викендов стабилно и топло време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат во интервалот од 13 до 21 а дневната највисока температура од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со мала облачност и засилен ветер од северн, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 31 степен целзиусов.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и многу топло. Во вторник попладне и во среда повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.