Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Повеќе врнежи ќе има во западните и југозападните делови од земјава.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд. Максималната дневна температура се очекува да достигне до 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре ќе се задржи облачното време, но нема да има услови за врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од четири степени во утринските часови, до максимални 13 во текот на денот.

 

 

Облачноста ќе се намалува во недела, кога температурата и се очекува да расте. Максималната ќе достигне до 16 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Стабилното време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски

Leave a Reply