Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во утринските часови на планините во западните делови има врнежи од снег.
Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, според Управата за хидрометеоролошки работи, може да се очекуваат во текот на денешниот ден.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно југозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 9 степени.
Во текот на утрешниот ден не се очекуваат врнежи на територијата на кумановско, а максимумот ќе остане на истото ниво.
Иста температура ќе имаме и во недела, кога повторно се очекуваат врнежи до дожд.