Викенд прогноза за Куманово: Сончево и натпросечно топло

Сподели со своите пријатели

Продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Loading...

Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината утре ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, односно југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу три степени под нулата, додека максималната дневна ќе достигне 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме и во недела, кога ќе дува слаб до умерен ветер од југ, односно југозапад.

Температурата ќе се движи во интервал од три степени во утринските часови до максимални 18 во текот на денот.

Високите температури ќе продолжат и следната недела кога максималните вредности ќе надминат и 20 степени целзиусови.

Никола Ивановски

Loading...