Викенд прогноза за Куманово: Силен северен ветер

Сподели со своите пријатели

Денеска во западните делови на Македонија ќе биде претежно сончево и тивко. Во источните сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе надминува брзина и над 40 километри на час.

Од страна на УХМР за Куманово и околината е издадено жолто метео предупредување за засилен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар над Манастирот во Матејче

Температурата ќе се движи од -2 степени во утринските часови до максимални осум степени целзиусови во текот на денот.

Loading...

Ноќеска се очекуваат и слаби врнежи од снег.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме слично време, променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Ветерот на моменти ќе надминува брзина и над 50 километри на час и повторно е активирано жолто ниво на предупредување од УХМР.

Утринската температура ќе се движи околу еден степен, а максималната дневна ќе достигне осум степени целзиусови.

Повторно во текот на ноќта, кон недела, се очекуваат слаби врнежи од снег.

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од пруга, стрништа и приватен имот изгореле во пожарот во Агино село

 

Во недела ќе имаме облачно време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец кој ќе достигне брзина и до 50 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне пет степени целзисови.

Ноќта кон понеделник се очекуваат мешани врнежи од дожд и снег.

 

Loading...

 

Следната работна недела ќе имаме суво време, со температури слични на сегашните.

Никола Ивановски